Vulcano е новото чоколадо со висок процент на какао кој ја прави поквалитетна и здрава, а ја произведува швајцарската компанија Barry Callebaut. Развиенo е во тајна лабораторија, а се топи само ако е изложенo на температура повисока од 55 целзиусови степени.
Интересно е што совршеното чоколадо настанало по грешка на лабораториските техничари.
„Одеднаш сфативме дека сме произвеле многу посебно чоколадо, па одлучивме да го развиваме и понатака“, изјави еден од прехрамбените техничари кои учествуваат во произведувањето на чоколадите.
„Vulcano има вкус како и останатите диететски чоколади, а името го доби затоа што може да се јаде и кога времето е многу топло, а освен тоа е полно со меурчиња како што е и лавата преполна со растопени камења. Но сеедно, се топи во устата, но од ензимите во плунката, а не од топлината на јазикот“, додаде портпаролот на Barry Callebaut.
На полиците по маркетите се очекува за две години.
Сподели [ 17-07-2009 ]