Се надеваат дека нивната единица "Волна"ќе ги исфрли традиционалните хируршки игли и конци и ќе ги замени со невидлив конец кој ќе направи магнетно поле со инфрацрвени и ултравиолетови зраци, кои можат да ја затворат раната после операција и на тој начин раната побрзо ќе зарасни, пренесува Ројтерс. Кирил Белик, заменик директор за истражување од Институтот за медицинско инжењерство изјави дека со користењето на новиот процес, лекарите ќе бидат во можност да ја излечат раната со поголема прецизност.
Исто така со помош на овој процес би можело да се избегнат и лузните. - Раната се состои од многу ткива а тие пак ткива се состојат од различни сегменти и слоеви, изјави Белик. Го насочуваме магнетното поле на крајот на раната, пуштајќи електрична струја низ овие сегменти и слоеви. Сегментите тогаш се позиционираат заедно, посебно ако процесот е толку интензивен и на овој начин раната подобро би зараснала, без компликации и лузни, додаде.
Сподели [ 18-07-2009 ]