-->

Создадена најздравата пиперка на светот

За оние кои имаат премногу работа па не стигнуваат да размислат за исхраната и внесот на витамини, пристигнува добра вест. Имено, научниците создале пиперка која содржи повеќе витамини и антиоксиданси од било која друга намирница.

Само една пиперка АЦЕ, како што е наречена поради изобилството од витамини, ја содржи препорачаната дневна доза на витамин Ц, како и големи количини на А и Е.

Нормалните, природни пиперки содржат голема количина витамини Ц и А, но сеуште никогаш не постоела пиперка со витамин Е. Станува збор за витамин кој е мнгу моќен антиоксиданс кој помага во заштита на организмот од карцином. Витаминот Е обично се наоѓа во јаткастите плодови како лешниците, но и авокадото.

АЦЕ пиперката е откриена во Израел, а потоа е развиена под покровителство на британскиот ланец на продавници Marks & Spencer. Има црвена боја, но со значителна потемна боја од вообичаената црвена пиперка.

Научниците предвидувааат дека супер пиперката ќе биде најомилената намирница меѓу луѓето. "Вложивме многу време и пари во потрага по некој нов производ, а сега конечно и го пронајдовме. Се надевам дека низ годините кои доаѓаат, луѓето ќе бидат поздрави благодарејќи на АЦЕ пиперката. Тој е еден од најздравите призводи, а има и фин вкус. Сигурен сум дека ќе им се допадне на луѓето", истакна др. Симон кој учествуваше во создавањето на призводот.


Сподели                                                                                                                 [ 29-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com