-->

Бруно поуспешен и попопуларен од Борат

Новиот филмски хит на комичарот Саша Барон Коен, „Bruno“, моментално е најуспешен филм во САД. Овој викенд летниот кино хит заработи 30,4 милиони долари, и со тоа го надмина „Borat“.

Филмот за австрискиот хомосексуален моден стилист доби просечни критики од страна познатите филмски критичари од Холивуд. Сепак јавноста очигледно повеќе го засака „Bruno“ и едноставно полуде по контроверзниот филм, за кого австриските политичари побараа да биде цензуриран.

- Филмот е позабавен од „Borat“ и навистина повеќе ми се допадна. Не знам зошто критиката го нападна Барон Коен, но актерот едноставно растура со своето глумење, изјави еден од присутните на првата проекција во Лос Анџелес.


Сподели                                                                                                                 [ 14-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com