-->

Стоп за прескокнувањето на појадокот

Нагласуваме уште еднаш за важноста на појадокот. Уште од памтивек со право е зачувана поговорката - "Појадувај како крал, ручај како благородник, а вечерај како сиромав".

Освен што појадокот служи како "гориво" осигурувајќи ни енергија да го започнеме денот, ни донесува и низа други благодети за кои не сме ни свесни.

Задоволувањето од потреба за прехрамбени влакна, витамини и минерали (посебно калциум) се само некои од тие предности. Студиите покажале како со редовното конзумирање на појадокот се помага во зачувување на телесната маса, превенција од дебелина, подобрување на менталните способности и борба против целодневниот стрес.

Разочарува фактот што се повеќе деца и адолесценти го прескокнуваат појадокот, со тоа се наметнува потребата од едукација, како лекар и учител, така и родителите, за важноста и практикувањето редовен, здрав појадок.


Сподели                                                                                                                 [ 06-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com