-->

Со лотарија до влезница за погребот на кралот на попот

Шансите сите обожаватели на Џексон да присутвуваат на неговиот спектакуларен погреб се еднакви со добивка на лотарија и тоа условно. Страницата Staples Center пушти во продажба 17 и пол илјади бесплатни влезници, а од нив ве дели само еден клик со глушецот.

Страницата бележи 500 милиони побарувања во првите 90 минути, а во секоја секунда се забележани 120 илјади посети откако се објави информацијата за бесплатните влезници, а полицијата ги предупреди сите оние кои нема да успеат да стигнат до влезница да останат дома и погребот да го гледаат на телевизија.

Преоптоварениот сервер се расипал само неколку минути откако се објавило дека по online извлекување на среќа ќе бидат поделени 17 и пол илјади бесплатни влезници, нормално само заради неколку десетици илјади обожаватели кои што посакаа да присуствуваат на неговиот погреб.

Подрачјето Los Angeles околу Стејплс центарот ќе биде затворено за сите оние кои немаат влезници, а полицијата одлучи да го осигура градот без обзир на лошата финансиска состојба и кризата во буџетот.

Компјутерот по случаен избор ќе извлечи 8,750 имиња, а оние кои имаат среќа со неколку влезници ќе добијат и ракавици кои ќе им овозможат влез. Последна шанса за обид да се добијат влезници по пат на страницата StaplesCenter.com е денес до 18 часот.

За 11 илјади обожаватели се осигурани места во Стејплс центарот, додека останатаите 6 илјади случувањето ќе го пратат од зградата преку патот.

Добитниците ќе бидат известени утре по mail, а сеуште нема податоци за тоа што уште ги очекува оние кои ќе го пратат погребот во живо. Деталите околу погребот сеуште се разработуваат, изјави претставник од семејството на Џексон.

[ 04-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com