-->

Светски таленти: Хавиер Пасторе

“Аргентинскиот Кака“ е прекарот на младиот Хавиер Пасторе кој ова лето направи трансфер во Серија А поточно во Палермо.

20 годишниот Пасторе би требало да биде играчот за кој ќе се зборува во Италија во наредните сезони. Не е толку експлозивен, но има одлична контрола на топката, интелегентен и елегантен фудбалер. Има одличен шут од далечина.

Својата криера ја започна во Таљерес, екипа за која дебитираше во 2007-та година во втората арегентинска дивизија. Потоа доаѓа како позајмен фудбалер во Хураган во правата аргентинска лига. Во аргентинската Класура беше најзаслужен што неговиот клуб го освои второто место. Беше најдобар стерец во тимот со 7 погодоци.

Сепак сеуште нема изборено место во составот на Марадона. Не беше ни повикан кога Аргентина играше пријателска со Панама, а составот беше направен само од домашни фудбалери.

Се очекува одлично да се вклопи во Палермо и заедно со напаѓачите Кавани и Миколи да бидат одлично трио. Сицилијанците потпишаа 5 годишен договор со него.

За Пасторе заинтересиран бил и Милан, но бидејќи Хернанес им е приоритет и затоа се откажале од него.




Сподели                                                                                                                 [ 15-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com