
Во студијата една група на глувци е хранета со типична западноевропска исхрана со висок удел на масти, додека пак другата група со идентична исхрана добивала и нарингенин. Нарингенинот го ублажил порастот на нивото на триглицеридите и холестеролот, на тој начин спречувајќи развој на резистенција на инсулин.
Исто така се покажало дека со нарингенинот полесно се одржува нормална телесна тежина. Следен чекор е да се утврди колкава доза на нарингенин е потребна за поволни ефекти на здравјето и дали е можно таа количина да се осигура само со исхрана, истакнаа авторите на студијата.
Сподели [ 15-07-2009 ]