"Тој има едноставно се она што барам. Секогаш постојат некои квалитети кои мажот мора да ги има, а тој има се она што можам да посакам, па и повеќе", изјави Kelly која живее во Флорида. Модерната романса започнала на интернет. Карактерот на студентката Kelly на една мрежа се совпаднал само со една личност - Kelly од Тексас. Откако му пишала порака, започнало почесто допишување.
Кога дознале дека имаат исти имиња и презимиња помислиле дека можеби се роднини. Но, кога откриле дека тоа не е случај, неколку месеци откако се запознале преку интернет почнале да се состануваат во Флорида, а набрзо и се вериле. "Мислам дека сето ова е испланирано од Бог, а тоа го направил совршено", изјави Kelly. Среќниот пар одлучил да живее во Флорида, но не и дека нивните деца ќе се викаат Kelly.
Сподели [ 21-07-2009 ]