-->

Анчелоти: Дрогба е најдобриот напаѓач во светот

Откако денес Малуда потпиша нов тригодишен договор по се изгледа сега на ред е Дрогба. Фудбалерот од Брегот на Слонова коска кој според Анчелоти е најдобиот напаѓач ќе потпише нов 3 годишен договор кога тимот ќе се врати од подготовките во САД.
Договорот на 31 годишниот Дрогба истекуваше наредната сезона. “Тој е едноставно незаменлив. Нема ниту еден друг напаѓач кој може да го одигра тоа што тој може. Тој е доста значен играч за Челзи и сакаме да го задржиме.“

“Зборував со Дрогба и добро знам што точно тој сака. Верувам во него и токму тоа му го реков. Тој ми рече дека со задоволство ќе остане во Челзи.“ - соопшти новиот менаџер на Челзи.

“Сакам да играме со двајца напаѓачи, за да имаме можност за зонска одбрана и пресинг. Тоа е систем кој се практикуваше после заминувањето на Мурињо.“ - кажа Анчелоти кој исто истакна дека смета и на Малуда, а за судбината на Шева незнае ништо.


Сподели                                                                                                                 [ 22-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com