Coca-Cola на пазарот исфрли нов производ, газиран млечен пијалок под име Vio. Станува збор за необична мешавина на обрано млеко и газирана вода со додаток на овошје кое се продава по цена од 1,50 долари.
Новиот производ е дел од проектот на Coca-Cola, Pro Life, кој се занимава со развој на производи на база на млеко. Газираното млеко има 120 калории, а се произведува во четири вкусови: манго-праска, шумско овошје, тропско овошје и лимон.
Газираното млеко засега е пуштено во продажба само во Њу Јорк, а неговата далечна судбина и развој ќе зависи од успехот на тамошниот пазар. Ако им се допадне на Њујорчаните, наскоро во газираното млеко ќе можи да ужива и остатокот од Америка и Европа.
Сподели [ 30-07-2009 ]