-->

Загубено љубовно писмо ги донесе пред олтар

Шпањолка и Британец се венчале после 10 години закаснување, откако е откриено едно негово љубовно писмо. Беше доволно да после 16 години повторно се гледаат и во два дена да договорат свадба.

Стив Смит и Кармен Руиз-Перез повторно се сретнаа после 16 години љубовно затишје. Британецот последен пат и пишал пред десет години, но неотвореното писмо кое од поштарот го зела некоја баба паднало позади каминот и таму останало се додека не започнале реновирањата во куќата.

Парот се запознал кога Кармен дошла како студентка во Торби, град во кој живее Стив. Стигнаа дури до свршувачка, но врската пукна. Девојката заминала за Франција и го изгубиле контактот.

"Никогаш се немав венчано и сега се омажив за човекот кој го сакам", кажува Кармен и додава: "Не го повикав веднаш откако работниците ми го дадоа пронајденото писмото, бев премногу нервозна. Поминаа десет години откако ми пиша и не знаев што да мислам."

"Кога се сретнавме на аеродромот, беше како во филм. Се затрчавме еден кон друг во прегратка и после триесетина секунди веќе се бакнувавме", раскажа заљубениот Стив.


Сподели                                                                                                                 [ 20-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com