-->

Интензивното вежбање го намалува ризикот од рак

Мала е веројатноста дека оние луѓе кои вежбаат со висок интензитет ќе заболат од рак и умрат, покажало ново истражување.

Трчање, пливање, веслање и игри како фудбал или сквош значително го намалуваат ризикот од заболување од рак. За таа цел потребно е да се вежба барем 30 минути дневно, покажало истражувањето.

Експертите дошле до тоа сознание проучувајќи 2560 луѓе од источна Финска кои никогаш немале проблеми со ракот. Мажи на возраст помеѓу 42 и 61 година морале да пополнат прашалник за своите навики, а тестиран е и интензитет на нивните физички активности. Меѓу најчестите физички активности биле трчање, одење, пливање, возење велосипед, гимнастика, куглање, скијање, работење во градина, танцување и кревање тегови.

Во студијата која е објавена во British Journal of Sports Medicine се тврди дека луѓето кои практикувале интензивни активности најмалку 30 минути дневно имале за половина помал ризик за смрт од рак од останатите испитаници.

Авторите на студијата од Универзитетот во Финска заклучиле дека високиот интензитет на вежбање најдобро се одразил на намалување на ризикот од заболување од рак, особено кај гастроинтестиналниот тракт и карцином на белите дробови.

"Интезитетот на физичките активности во слободно време има значајна улога во намалување на смртноста од рак", стои во студијата. "Физичката активност би требала да биде барем умерена за да има благотворно делување на намалување од заболување од рак."


Сподели                                                                                                                 [ 29-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com