-->

Леденото кафе калорично како и вечерата

Леденото кафе не е ниту малку наивен напиток во случај кога калориите ви се важни. Имено, во него, се кријат скоро четвртина од дневно препорачаните калории.

Пијалокот кој го конзумираме за да се разбудиме, освежиме или прескокниме појадокот може да содржи еднаков број на калории како и обилна вечера, предупреди Здружението за заштита од рак.

Кафето кое толку често го нарачуваме во кафичите често содржи и повеќе од 200 калории, додека некои напитоци, меѓу кои и леденото кафе, содржат и повеќе од 560 калории. Некои комбинации на шеќер, полномасно млеко и шлаг, кои го прават леденото кафе, мошне се калорични со тоа не претставуваат ниту малку здрав избор, препорача Светското здружение за истражување на ракот.

Го покажале ова со пример на еден популарен пијалок 'mocha frappuccina' кој содржи дури 561 калорија, што е повеќе од половина препорачаната доза која жената треба да ја внеси во текот на денот. Популарното "кафе за надвор" има 457 калории, а најмалку калорично е краткото кафе без шлаг, со 288 калории.

Внимателно внесување на калориите е на листата на приоритет за здрав живот и заштита од рак, затоа од Здружението повикуваат на внимателност при конзумацијата на "некалорични" напитоци.

"Тоа е количина на калории која треба да ја очекувате во вечерниот оброк, а не во напитокот", кажува др. Рејчел Томпсон од Здружението: "Податокот дека леденото кафе кое се нуди на пазарот содржи повеќе од една четвртина од препорачаните дневни хранливи вредности е навистина алармантен. Затоа, ако пиете кафе, нека биде без шеќер и со обрано млеко бидејќи содржи помалку калории"


Сподели                                                                                                                 [ 28-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com