-->

Спреј од зелен чај спречува рак на кожата

Зелениот чај е познат по бројните благодети, а најновото истражување покажа дека ја штити кожата од штетните сончеви зраци на тој начин спречувајќи рак на кожата.

Спрејот од зелениот чај би можел да помогне во превенција од рак на кожата, покажало најновото истражување. Спрејот, наводно, ги смалува штетните ефекти од ултравиолетовото зрачење. Научниците тврдат дека спрејот од зелениот чај ја зголемува отпорноста на кожата, го јакнува имунитетот и помага во борбата против штетните ефекти од сонцето.

Се смета дека голема корист за кожата имаат полифенолите од зелениот чај кои помагаат за отпорноста на кожата. Научниците веруваат дека зелениот чај може га го спречи оштетувањето на станиците на кожата кои често резултираат со карцином.

Во текот на истражувањето научниците издвоиле екстракт на полифенол од зелен чај и го помешале со вода и различни хемиски средства. Мешавината ја ставиле во спреј со кој ја попрскале кожата на доброволци пред излегување на сонце. Резултатите покажале дека кожата попрскана со спрејот со зелен чај била отпорна на сончевото зрачење.

Во светот секојдневно расте бројот на заболени од рак на кожата и ова истражување ке помогне во лечењето и превенцијата од ова малигно заболување.


Сподели                                                                                                                [ 07-07-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com