-->

Колективна амнезија

Истражување на две илјади возрасни луѓе покажало дека дневно забораваме по три работи. Било да станува збор за пијалок кој сме го наточиле и го заборавивме да го испиеме или каде сме ги оставиле клучевите од автомобилот.

Околу 15 милиони возрасни луѓе дневно во просек забораваат нешто да испијат што си ставиле во чашата, а отприлика ист број никако нема да се сетат каде ги оставиле клучевите од автомобилот.

Околу 12 милиони ќе отидат во продавница заборавајќи на пола пат по што навистина тргнале, а слична бројка вреди и за оние кои ќе ги остават алиштата мокри во машината за перење.

Сите овие резултати се од студијата која ја спроведе британската лотарија кај две илјади луѓе.

Исто така се утврдило дека мажите забораваат за нешто повеќе од жените иако жените главно имаат за нешто повеќе работи за кои треба да мислат.

Кривицата е модерниот забрзан живот каде има се повеќе детали за кои треба да се води сметка, за што понекогаш помагаат технологијата, како, компјутерите, телефоните и други уреди кои памтта детали наместо ние.

Занимливо е тоа што, и покрај притисоците на работа, поголемиот број на работи кои луѓето ги забораваат се однесуваат на приватниот живот. Плаќањето со кредитни картички, доаѓањето на детски приредби во училиште или работите поврзани со храна, најчесто се на дневното мени на амнезија.

Шест проценти од нив ги заборавиле роденденот на својот партнер или годишнината на бракот, десет проценти ги заборавиле името на своите пријатели и покрај фактот на целото заборавање само 25 проценти од нив признале дека заборавиле.

Десет работи во кои Британците испаднале најзаборавени:

1. Оставањето на полна чаша чај
2. Клучеви
3. Причина поради одење во продавница
4. Мокри алишта во машината за перење
5. Да се извади храната од фрижидер
6. Да се наполни мобилниот
7. Без пцуење пред децата
8. Промена на тоалетната хартија
9. Каде сте паркирале
10. Роденденот на своите пријатели


Сподели                                                                                                                 [ 24-07-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com