-->

Необична комбинација

Еве еден гаџет кој навистина не можеме да го категоризираме. Станува збор за фотоапарат, камера со објектив со голем зум, а сето ова заедно може да послужи и како аудио/видео репродуктор.

Веќе и од самото официјално име на овој уред - Avatar Digital Binocular Sports and Spy Camera - јасно е дека станува збор за многу необичен уред. Да почнеме со ред: тоа е (претпоставуваме) првенствено фотографски апарат со резолуција од пет мегапиксели (тоа е резолуција на CMOS сензорот, но како најголема резолуција се наведуваат смешни 1.280 x 960 пиксели) со можност за снимање на видео со резолуција од 640 x 480 пиксели при 25 слики во секунда.


Огромниот (а спрема изгледот и прилично неспретен) објектив нуди дури 21 пати зум, а тука може додатно да помогне и четириесетструкиот дигитален зум, но без автофокус и активно исправување на тресење на уредот. Не сме сигурни како сето ова ќе биде употребливо во пракса (без статив сигурно не).


За на крај, ако ви здосади шпиунирањето, овој уред и неговиот LCD екран со дијагонала од два и пол инча може да послужи и како аудио/видео репродуктор, со интерфејс кој неодоливо потсеќа на оној на iPhone.


Погледнете го целиот список на спецификации овде, ние само ќе додадеме дека сето ова ќе чини околу 90 евра, што и не е многу во однос на тоа што добивате.


Сподели                                                                                                                 [ 23-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com