Прогресивната болест на мозокот, која главно ги погодува постарите луѓе, полека ја уништува способноста за мислење и памтење. Според AFI, 30 минутно вежбање дневно го намалува ризикот од оваа болест, а старите луѓе кои посетуваат часови јога или танцување и се повеќе се дружат и стекнуваат нови познанства, исто така го намалува ризикот од Алцхајмер.
Научниците исто така ја истакнуваат важноста на исхраната и "вежбањето на мозокот". Тие утврдиле дека медитеранската исхрана е мелем за многу состојби, а "мозгањето" како играње карти, решавањето крстозбори и ребус, свирење на некој инструмент или редовно пратење на дневниот печат го чуваат мозокот од Алцхајмер. На десничарите исто така им се препорачува што почесто да ја користат левата рака, а левичарите десната. Се, само мозокот да остане што помлад.
Сподели [ 20-07-2009 ]