-->

Триците можат да ја намалат хипертензијата

Студија објавена во магазинот American Journal of Clinical Nutrition покажала дека зголемениот внес на интегрални житарици, особено триците може да ја намалат инциденцата за хипертензија кај мажите.

Научниците анализирале податоци за внесот на прехранбени влакна кај 31 684 здрави мажи во период од 18 години. Споредбата на најголемиот со најмалиот внес, покажало дека интегралните житарици го намалуваат ризикот од хипертензија за 19%. При тоа триците се најусешни во регулација на нивото на крвниот притисок - мажите кои внесуваат најмногу трици имаат за 15% помал ризик од хипертензија во споредба со мажите кои внесуваат најмалку трици.


Сподели                                                                                                                 [ 27-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com