-->

Дејвид Арквет два дена ќе живее во кутија од плексиглас

Глумецот Дејвид Арквет наредните два дена ќе живее во кутија од плексиглас сместена над њујоркшкиот Madison Square Garden со цел да присобере пари за сиромашните.

Триесет и седумгодишниот Дејвид се надева дека со оваа постапка ќе го потсети светот на сиромашните и гладните, со тоа што ќе проба да собери 250 илјади долари за најголемата американска хуманитарна организацја Feeding America.

Донациите ќе може да се уплатат и по пат на профил на Фејсбук кој го отвори Mars Inc, компанијата која ги произведува Snickers чоколатцата.

Секој осми американец е гладен

Feeding America годишно помогнува да прехрани 25 милиони гладни Американци, од кои девет милиони се деца. Нивната мрежа ги вклучува сите 50 држави и дејствува во околу 200 установи. Годишно во храна донира две милијарди долари и има 63 илјади локални агенции кои ја дистрибуираат храната каде е најпотребна.

Иако Америка е богата земја, со сиромаштијата и гладот соочен е секој осми жител. Feeding America нагласува како добар дел луѓе не се запознаени со ситуацијата во кој се наоѓа светската велесила, "се лажат оние кои мислат дека таму се сите убави, здрави и успешни".


Сподели                                                                                                                 [ 17-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com