
Ендевор е успешно лансиран во 18 часот по локално време. Во мисијата на НАСА STS-127, со Ендевор во вселената полетаа седум астронаути и клучниот сегмент, јапонската вселенска лабораторија Кибо, која ќе биде доградена на Меѓународната вселенска станица - ISS.
Во текот на 16 дневната мисија планирани се пет вселенски патувања додека Ендевор не биде споен со ISS. Вселенската лабораторија Кибо е прв јапонски објект за престој на луѓе во вселената, а неговата изградба траеше повеќе од 20 години.
Сподели [ 16-07-2009 ]