-->

Љубомората не прави болни

Луѓето на кои што им смета успехот на своите пријатели или соседи имаат поголеми шанси дека ќе заболат од некои срцеви заболувања, дијабетес, чир на желудникот и висок крвен притисок, советуваат научниците.

Се верува дека стресот предизвикан од љубомората има влијание на нивото на хормоните во телото и имунитетот, поради што не прави подложни на болести.

Со односот на љубомората и болестите се занимавале научниците од универзитетот во Чикаго. Околу 3000 испитаници на возраст помеѓу 57 и 85 години требало да ја оценат својата здравствена состојба и да кажат дали боледуваат од некоја болест. Исто така требало да ја оценат и својата финаниска состојба во однос на своите пријатели, семејството, соседите и колегите од работа.

Со анализата е утврдено дека оние кои што се нашле во лоша финансиска состојба имале повеќе здравствени проблеми од оние кои што верувале дека добро поминале во однос на своите познаници. Срцевите заболувања се покажале како најчесто здравствено попречување.

Научниците уште одамна знаеле дека сиромаштијата е поврзана со лошо здравје, но сега се појавиле докази дека и неповолната друштвена позиција носи свој товар.

Genevieve Pham-Kanter од универзитетот во Чикаго, посочи дека чувството на завист може да предизвика проблеми со здравјето. - Се верува дека главниот психолошки механизам, хроничниот стрес, е предизвикан од секојдневните друштвени споредби од кој се јавува чувството на помала вредност. Тој стрес цело време се повторува и доведува до хронично високо ниво на хормонот на стресот кој игра важна улога во развојот на одредена здравствена состојба, објасни Pham-Hanter.


Сподели                                                                                                                 [ 13-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com