-->

Најмалку осум лица загинаа во невреме во Полска

Најмалку осум лица загинаа, а неколку десетици се повредени во силните бури во Полска. Повеќето од жртвите загинале од дрвјата кои биле искорнати од силните ветрови. Еден маж загинал кога неговиот чамец се превртел на езеро.

Јачината на ветровите на места достигна и до 100 километри на час.

Еден од најсилно засегнатите реони во земјата е околу југозападниот град Вроцлав, каде што бурата пресече кабли и остави неколку населби без електрична енергија. Во таа област има 35 повредени, а движењето по десетици патишта е блокирано.

Во Кротошин, во западниот дел на земјата 17 лица се повредени во невремето, од кои шестмина тешко, при струен удар откако врз нив паднал електричен кабел.

Во престолнината Варшава има искорнати дрвја поради силниот ветер.


Сподели                                                                                                                 [ 26-07-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com