-->

Нуркачи спасиле папагал на сред море

Од готово сигурна смрт спасен е куќен папагал од страна на тим нуркачи, кои приметиле несреќна птица во водата, еден километар од копното, блиску до градот Бриксхам во Велика Британија.

Папагалчето, кое го доби името Captain од страна на спасителите од клубот Torbay, било пронајдено сосема случајно, а прва го приметила Кети Џекмен, во моментот кога малото папагалче почнало да исчезнува под големите бранови.

После третиот обид, нуркачите успеале да ја извадат птицата од морето и да и го спасат животот. "Тоа е навистина неверојатна приказна. Права е мистерија како птицата успеала да одлета толку далеку од копното", изјави претставник од Центарот за заштита на животните RSCPA, додавајќи како птицата била во многу добра состојба, т.е. некој очигледно добро се грижел за неа.

"Од прво не можеше да ги отвори очите, и си помислив дека нема да преживее. Изгледаше како мала мокра крпа. Му ја исчитив солта од очите, бидејќи ја имаше гризнато па би можела да умре", раскажуваше Џекмен додавајќи како папагалот и бил како втора мајка целиот ден, се додека не го презел Центарот за заштитта на животни.


Сподели                                                                                                                 [ 09-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com