На сликата можат да се видат очајничките обиди на лекарите за да го спасат животот на музичката легенда на пат до болницата, а нејзина вредност како што се дознава е пола милион долари.
Сара Ајвенс, уредничката на таблоидот, изјави дека фотографијата намерно е ставена на насловната страница со цел Ok! да се истакне меѓу останатите магазини кои објавија слики од Џексон на своите насловни.
- Тоа е фотографија која носи изненадување и вознемиреност, а е поврзана со трагичната приказна, изјави Ајвенсон и додаде дека се надева дека насловната страница ќе ги испровоцира читателите.
[ 03-07-2009 ]