Центарот на Хјустон Рокетс го скрши стапалото на 8. мај во третиот меч од доигрувањето против новиот шампион Лос Анџелес Лејкерс. Иако информациите кои ги пласира неговиот клуб се дека Јао Минг ќе биде здрав за 8 до 12 недели, неговото стапало не заздравува баш како што се очекува, а зборовите на докторот Том Клентон не се ни малку оптимистички.
"Јао би можел да ја пропушти целата следна сезона поради оваа повреда, но освен тоа, повредата на стапалото ја загрозува и целата негова кариера" - изјави др. Клентон.
Кинезот во изминатата сезона пред повредата одигра дури 77 мечеви, што во споредба со трите изминати сезони беше значаен напредок. Во сезоната 2005/2006 поради повреда пропушти 21 меч, наредната сезона не се наоѓаше на паркетот на 32 дуели, а во сезоната 2007/2008 беше изоставен на 26 мечеви.
Хјустон Рокетс најмалку една половина од наредната сезона ќе игра и без Трејси Мекгрејди, кој сеуште се рехабилитира од операцијата на левото колено.
[ 01-07-2009 ]