-->

Audi A5 Sportback потполно разоткриен

Последните недели приновата на Ауди во А5 сегментот - моделот Sportback - прави стриптиз. Се чини конечно дојде редот да се разоткрие автомобилот во целост.

Како што веќе напишавме, А5 Sportback е граден на платформата купе А5, од кој се разликува по бројот на врати, подолг меѓуосовински интервал, но и свитканата, таканаречена "fastback"линија на задниот дел, поради што наликува на купе.

Додатниот пар врати и поголемата "задница" го зголемија просторниот капацитет на A5 Sportback па така неговиот багажник собира 480 литри во стандартна, односно 1000 литри во облик на преклопена форма.

Бидејќи е изграден на платформа на моделот A5, Sportback располага со спортски подесена суспензија од моделот А4, а спортските амбиции покажуваат и заден сместен дифузор.

Новиот модел ќе го движи 2.0 TDI со 170 KS и 350 Nm, 2.7 TDI со 190 KS и 400 Nm, 3.0 TDI со 240 KS и 500 Nm, како и бензинците 2.0 TFSI со 210 KS и 3.2-литарски V6 со 265 KS.

Автомобилот службено би требало да биде претставен утре во текот на прославата на Ауди од неговата 100 годишнина. Почетната цена на автомобилот во Германија би требало да изнесува 36.050 евра.





Сподели                                                                                                                 [ 15-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com