Во самиот Apple овие резултати најдобро ги искажаа со една реченица: ова е, имено, најдобар квартал во историјата на Apple ако го земеме во предвид и првиот квартал, кој е традиционално најдобар поради купувањето за време на празничната манија.
Приходите за овој квартал беа 8,34 милијарди долари, со профит од 1,23 милијарди, што е солидно зголемување во однос на истиот квартал минатата година, кога приходите беа 7,46 милијарди, со профит од 1,07 милијарди долари. Apple на вака добрите резултати може да му се заблагодари најмногу по продажбата надвор од САД, која е заслужна за 44% промет од овој квартал.
Меѓу призводите на Apple, по успехот предначи iPod, кој беше продаден во 10,2 милиони примероци. Што се однесува до iPhone, Apple го продаде во 5,2 милиони примероци, 626% повеќе во споредба со минатата година во истото време.
Сподели [ 22-07-2009 ]