Кеизо Јамада, маратонец кој ја претставуваше Јапонија на Олимписките игри 1951 година во Хелсинки, потоа следната година го освои Бостонскиот маратон, одлучи малку да намали со трчањето, пренесува Ројтерс.
"Годините си го прават своето и повеќе нема да можам да трчам на маратонските трки", изјави за локалните медиуми додавајќи дека ќе продолжи да џогира но само по 20 километри дневно колку да ја одржува формата.
Наречен 'Iron Man', 81 годишниот Јамада само оваа година има истрчано три маратона, од кој го истрча до крај оној во Токио. За тоа му требале 5 часа, 34 минути и 50 секунди.
Сподели [ 20-07-2009 ]