-->

Марихуана испржена со 80 илјади волти

"Signs of Life" е книга на Роберт Белтеман која вклучува 80 фотографии кои ги правеше 60 часа неделно цели десет години. Се работи за цвеќе низ кое во потполно замрачена просторија пушта струја од 80 илјади волти за да ги добие потребните светлосни ефекти.

Користел ружи, петуника, па дури и листови од марихуана, сите цвеќиња кои сам ги засадил и одгледал, сега за невидено дело и ги испржи.

Колку за споредба, ефективниот напон на еднофазната наизменична струја во градската мрежа, односно во домаќинствата, изнесува помеѓу 220 и 230 волти, а трофазната од 380 до 400 волти, додека пак напонот кој поминува низ поединечно цвеќе во цел на создавање на оваа збирка изнесува дури 80 илјади волти.

Фотографиите настанале така што поединечен цвет е положен на метална плоча низ која е пуштен електричен бран.





Сподели                                                                                                                 [ 17-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com