Веќе три пати со ред, 25 годишниот Честнат го победи својот ривал, Јапонецот Такеру Кобајаши. Оваа година победникот изеде 68 хот-дога за само 10 минути, надминувајќи го својот личен рекорд поставен пред две години кога изел вкупно 66 хот-дога, со тоа прекинувајќи ја шестгодишната доминација на Кобајаши.
"Ја сакам конкуренцијата, да не беше тој тука, најверојатно ќе бев мрзлив и ќе изедев само 56 хот-дога", изјави Честнат, кој додаде дека не би изел толку многу без подршката од неговите обожаватели. "Можам да го направам тоа поради подршката која ја добивам од сите", изјави Честнат. Кобајаши изјави колку е горд на себе и како неговите резултати се подобруваат.
"Малку сум разочаран бидејќи изгубив, но мојот рекорд расти па тоа малку ме орасположува", рече Кобајаши. И двајцата потврдија дека и следната година ќе се натпреваруваат.
Сподели [ 06-07-2009 ]