-->

Орландо Блум олеснет за околу 500.000 долари

Куќата во која живее sвездата од филмовите "Пиратите од Карибите" и "Господар на прстените" Орландо Блум, ограбена е додека бил отсутен, потврди во четвртокот полицијата.

Полицијата е повикана во неговата куќа во Лос Анџелес во средата навечер, откако еден од роднините на Блум установи дека е направен грабеж, изјави претставничка на полицијата Тенеша Добин.

Однесени се пари и накит, изјави Добин, но не сакаше да каже колкава е вреднoста на украдената роба. Неслужбено, се работи за околу 500.000 долари.

Блум глумеше во сите три продолженија на "Пиратите од Карибите", како и во трилогијата "Господар на прстените".


Сподели                                                                                                                 [ 17-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com