-->

3D видео на YouTube

YouTube веќе неколку дена експериментира со 3D видео исечоци, кои може да ги гледате со посебни очила. Но, до денес никој освен нив не знаеше како да се сними такво видео и да се постави на YouTube. Сега, кога тоа е објавено на службениот блог на YouTube ...

... можеме да речеме дека подршката за 3D е службена, со тоа очекувајќи илјадници вакви видеа кои ќе ги снимат самите корисници.

Како прво мора да напоменеме дека 3D видеата на YouTube сеуште не функционираат совршено: на пример, доколку поставиме такво видео во овој текст, нема да биде исправно прикажан. Но, на самиот YouTube, што може да проверите овде, тоа функционира прилично добро; секако, доколку имате 3D очила. Под секое 3D видео ќе се појави и посебно мени во кое ќе можете да промените разни параметри, во зависност од тоа каков вид на очила имате.

Доколку сами сакате да направите нешто слично, изработката на такви видеа е прилично едноставна. Набавете две видео камери (два мобилни се во ред), поставете ги една до друга (отприлика оддалечени колку очите кај човекот), и на крај притиснете го копчето за снимање во исто време. После тоа двете видео исечоци ставете ги во некоја програма за обработка на видеа, поставете ги видео исечоците еден до друг (десното видео на левата страна и обратно) и снимете го резултатот. После тоа ставете го видеото на YouTube, сменете го видео тагот и додадете "yt3d:enable=true" за стандарден формат или "yt3d:aspect=16:9 too" за widescreen формат.

Погледнете ја расправата за 3D видео на службениот форум на YouTube.


Сподели                                                                                                                 [ 23-07-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com