-->

Го пронашла паричникот по 27 години

На 62-годишната Американка Рут Бендик и бил украден паричникот во Централ Парк додека го гледала њујоршкиот маратон на 24 октомври 1982 година.

На 62-годишната Американка Рут Бендик и бил украден паричникот во Централ Парк додека го гледала њујоршкиот маратон на 24 октомври 1982 година.

- Се туркав низ масата луѓе за да им честитам на маратонците и наеднаш почувствував дека ташната ми е полесна отколку што беше. Ми го украдоа паричникот и уште некои други работи, но бев благодарна што не ме повредија, рече Рут, која одамна заборавила на оваа случка. Се до неодамна кога Џош Галиеј од комуналната служба го сечеше дрвото со вишни во паркот и во шупливото дрво високо 15 метри го пронајде стариот плав кожен паричник.

- Во старото стебло секогаш нешто се наоѓа, но никогаш не сум пронашол паричник. Погледнав внатре и видов дека е изгубен од осумдесетите години, рече Џош.

Детективот Френк Иризари успеа да ја пронајде сопственичката. Во паричникот се уште биле сите документи и кредитните картички, но недостасувале 20 долари.

- Во тоа време за мене тоа беа големи пари, рече Рут.



Сподели                                                                                                                 [ 14-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com