-->

Свештенички возеле 190 km/h

Три свештенички брзале за во куќата во која, после лесна фрактура на рачниот зглоб, се одмора папата Бенедикт XVI. Меѓутоа, да знаеше Папата дека притоа возеле со 190 километри на час и заработиле казна за пребрзо возење, сигурно не би бил среќен.

Сестра Таволета (56) била зад воланот на Ford Fiestа во која се возеле уште две свештенички од 65 и 78 години кога ги застанала полицијата поради пречекорување на брзината. Сестрите шибале со дури 190 километри на час!

Полицаецот прилично се зачудил кога сестрата Таволета на прашањето зошто толку брзо возела, одговорила: "Слушнавме дека Папата паднал и се повредил па брзавме за да се увериме дали е се во ред!"

Полицијата ги застанала свештеничките на еден час возење од моменталната резиденција на Папата во местото Les Combesu во италијанската покраина Valle d'Aosta. Портпаролот на полицијата во Турина изјави: "Се надевам дека сестра Таволета на следното исповедување ќе му се повери на свештеникот за својот грев за пребрзо возење. Во меѓувреме ќе мора да плати казна од 375 евра." Казната, како и одземањето на возачката дозвола на еден месец, не ја загрижија премногу одговорната сестра која најавила жалба на суд.


Сподели                                                                                                                 [ 20-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com