-->

Ајфеловата кула наполни 120 години

Иако е симбол на Париз, импозантната Ајфелова кула на 31 Март наполни 120 години, но поради реставрација и бојадисување кое започна токму на роденденот, свечената прослава на ...
... најголемата градба во главниот град на Франција, одржана е малку покасно. Но навистина беше блескаво и спектакуларно во секој поглед.

Со спектакуларен огномет од кулата е прославен неговиот роденден, но и Pad Bastille, кои Французите го прославуваат како национален празник, потсетувајќи се на 14 јули 1789 година кога револуционерите ја освоија злогласната тврдина и ја започнаа Француската револуција.




Импозантни бројки за импозантна градба

Ајфеловата кула е изградена 1889 година за големата Светска изложба која истата година се одржала во Париз, а најзаслужен за нејзиното постоење има инжењерот Александар Густав Ајфел, по кого го добила името и самата кула. Ова, за некои е најромантичното место во светот, од самиот почеток привлекува голем број на посетители, дури околу 7 милиони туристи годишно.

И други бројки поврзани со оваа кула се импресиви. Имено, се бојадисува на секои седум години, за што е потребно повеќе од 150 тони боја, 50 километри кабли, два хектари заштитна мрежа, како и 1500 различни четки. Изградена е на Champ de Mars покрај реката Сена, висока е 300 метри, а со антената 320,75, и се состои од три ката.

Во почетокот Ајфеловата кула е замислена како привремена градба и требаше да биде срушена 20 години после изградбата. На секоја среќа тоа не се случи затоа што каде би се случувале некои од најромантичните запросувања, бакнежи, вечера и поглед кон еден од најубавите градови на светот.


Сподели                                                                                                                 [ 17-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com