-->

Пронајден лек кој го продолжува животот за 10 години

Чудесниот лек кој веќе го нарекуваат еликсир на младоста би можел да го продолжи животниот век за цела деценија. Научниците овој лек го направиле од хемикалии пронајдени во почвата на Велигденските острови, едни од најдалечните и најмистериозните места на планетата.

Во текот на тестирањата лекот го зголемил животниот век кај животните за неверојатни 38%. Иако сеуште не може да се применува кај луѓето, научниците веруваат дека ова откритие ја отворило вратата на првата генерација лекови кои би можеле ефективно да го продолжат животниот век.

Лекот кој се вика рапамицин моментално се користи за зголемување на имунитетот кај пациенти со трансплантирани органи, како и кај операција на срце, а моментално се испитуваат неговите антиканцерогени својства.

Др. Арлан Ричардсон, кој го водеше ова истражување на универзитетот во Тексас, изјави: "Веќе 35 години се занимавам со истражување на процесот на стареење и биле направени многу таканаречени лекови против стареење, но не се покажаа како успешни. Никогаш не сум помислил дека за време на мојот живот ќе се пронајде лек против стареење на луѓето, но рапамицинот покажува дека би можело да биде тоа".

Ричардсон верува дека сигурен лек за продолжување на животот би можел да направи за десет години. Но се поставува прашањето што би им донел овој "свети грал" на долговечноста на луѓето. Дали тоа значи дека луѓето ќе ја доживеат стотата и ќе имаат добро здравје, или лекот ќе им го продолжи животот отежнат со болести.

Рапамицинот е откриен на Велигденските острови во седумдесетите години и се произведува од микроби кои живеат во самата почва. Моментално во сегашниот облик е преопасен да се користи како лек против стареење, но се верува дека натамошните истражувања би довеле до помали штетни варијанти.


Сподели                                                                                                                 [ 09-07-2009 ]


 

Copyright © 2009 selotejp.com