-->

Twitter контра Ахмадинеџад

Неофицијален Вашингтон побара од Twitter да го одложи планираното прекинување поради одржување на системот за иранската опозиција и понатаму да може да го користи сервисот за комуникација со јавноста и светот.

Анонимен претставник на Стејт Департментот изјави дека биле контактирани одговорните лица во сервисот за микроблогирање со цел да им се даде до знаење дека претставуваат важен канал за комуникации „не за САД, туку за Иран“.

Twitter, преку кој се пренесуваат кратки пораки до 140 знаци, е „последниот мохиканец“ од ваквите сервиси во Иран, откако тамошните власти блокираа бројни интернет адреси, а во некои случаи и потполно го блокирала праќањето на смс пораки.

Иранците кои протестираат поради, како што тврдат, наместените изборни резултати во земјата богата со нафта, која има 71 милион жители, го користат Twitter за повикување на отпор и ширење информации за судирите меѓу демонстрантите и полицијата.

И покрај настојувањата на иранските власти да ги ограничат информациите врзани со демонстрациите против повторниот избор на Ахмадинеџад, овој популарен сервис е преплавен со пораки.

 

Copyright © 2009 selotejp.com