-->

NASA ќе ја бомбардира месечината

Стручњаците од NASA се подготвуваат да ја „бомбардираат“ Месечината во потрага по вода. Од Кејп Канаверал ќе биде лансирано летало од кое ќе биде исфрлен проектил на површината на земјиниот сателит.

Се очекува експлозијата да предизвика создавање на огромен облак од прашина, гас и замрзната водена пареа, висок најмалку 10 километри, што значи дека ќе може да се види и од Земјата. Целта на ова бомбардирање е да се пронајдат евентуални траги на вода во внатрешноста на Месечината.

Површината на Месечината е генерално пустинска, но стручњаците сметаат дека во внатрешноста на кратерите би можел да се наоѓа мраз до кој сончевата светлина никогаш не допира. Мисијата без екипаж ќе ја лансира ракетата Кентаур на месечевата површина со брзина двапати поголема од брзината на еден куршум.

Во минатите години, најмалку две американски вселенски летала известуваа за присуството на вода на Месечината, после откривањето на траги од водород и кислород длабоко замрзнати во најтемните делови на кратерите како на северниот, така и на јужниот пол на Месечината.

NASA планира повторно да испрати астронаути на Месечината во рамките на проектот за истражување на вселената кој во 2004 година го започна поранешниот американски претседател, Џорџ Буш.

 

Copyright © 2009 selotejp.com