Muska - руски супер автомобил
Рускиот дизајнер Игор Красанов, кој го заинтересира светот на автомобилската индустријата со своите рендери за потенцијалната Ferrari лимузина, сега ја претстави својата визија за модерниот супер автомобил под називот Muska.
Станува збор пред сè за замисла која најверојатно нема да стигне до сериско производство, а Красанов своето најново дело го опишува како автомобил, чиј дизајн обединува елементи од неколку модерни спортски автомобили и борбен авион ловец, што особено е забележливо одзади, каде завршните издувни цевки недвосмислено потсетуваат на млазници.
Гледајќи ги линиите на автомобилот, може да се заклучи дека претставува микс од класични спортски модели и модерни автомобили, како што е Lamborghini Reventón, особено предниот дел, додека кај задните тркала се забележува влијанието Corvette.
Иако шансите за сериско производство на Muska речиси се еднакви на нула, интересно е да се види како дизајнерите размислуваат за следните генерации на спортски автомобили.
Претплати се на:
Коментари на објава (Atom)