-->

Microsoft ги објави цените за Windows 7

Microsoft ги објави цените на новиот оперативен систем Windows 7 кој треба да пристигне во октомври, а купувачите во САД имаат попусти ако верзијата ја нарачаат веќе од денеска, додека тоа за Европа не важи.

Windows 7 доаѓа во три основни верзии: Windows 7 Home Premium, Professional и Ultimate, a цените се 199,99 долари, 299,99 и 319,99 долари. Ако само сакате да го надградите вашиот сегашен оперативен систем (Vista или Windows XP), ќе мора да издвоите 119,99, 199,99 односно 219.99 долари.

Интересно е што во Европа ќе нема никакви попусти, додека во САД ако сега ги порачате Home или Premium верзијата ќе платите само 49,99, односно 99,99 долари. Microsoft тврди дека тоа е поради европските регулативи, но поверојатно е дека компанијата сака да се освети поради големите проблеми со европските закони. Помеѓу другото, Microsoft ќе треба да плати неколку високи казни поради не почитување на пазарот, a Windows 7 во Европа ќе треба да се испорача без веб прегледник.


[ 29-06-2009 ]

 

Copyright © 2009 selotejp.com