Поради низа неприкладни содржини низ веб просторот, ултраортодоксните Евреи го избегнуваа интернетот, но на иницијатиба на некои рабини развиен е веб пребарувач кој им овозможува пристап до мрежата без опасност да се изложат на некој грев.
Кошер верзијата на најпопуларниот пребарувач во светот се вика Kooglе и веќе добива поддршка од рабините поради нејзината карактеристика да го изоставува религиски неподобниот материјал при пребарувањата. Нуди линкови кои водат до израелските вести и шопинг страници, а резултатите, нормално, се филтрираат.
„Овој пребарувач го развив на барање на некои рабини кои сметаа дека ова е единствениот начин сурфањето на интернет да им се приближи на ултраортодоксните“, изјави авторот на Koogle, Јоси Алтман. Името на пребарувачот доаѓа како комбинација на името на едно еврејско јадење „кугел“ и секако - Google.
Е, да не заборавиме, ако случајно поради одредени причини го користите пребарувачов....во сабота - Koogle не работи :)
Последни во оваа категорија:interesno