Марката Hyundai со бројот на продадени автомобили успеа да се докаже дури и на традиционално студениот британски пазар со кој начесто доминираат европските произведувачи. Најголемиот успех на компанијата е забележан во замената на автомобили старо-за-ново.
Доколку сопственикот донесе автомобил стар најмалку 10 години, добива 2.000 фунти попуст за модел од јужнокорејската фабрика. Така на паркингот на Hyundai се најдоа многу Jaguar-и, Mercedes-и, BMW-а, па дури и олдтајмери.
Конкретно, засега се донесени 34 возила од марката BMW, 32 од Mercedes, 22 Audi, седум MGF, шест Mazda MX5, Nissan 300ZX, неколку Saab и класици како што се Austin 1100 од 1966 година и Morris Minor од 1968 година.
Дури и сопствениците на луксузни модели, од типот на Jaguar XJ-S и XJ6 ги заменија за моделите i10 и i20. Сосема солидни резултати за Hyundai во Британија. Најпопуларниот начин на продажба на автомобили во Европа го подигна Hyundai повисоко на листата од најпродавани возила во Британија.
Последни во оваа категорија:avtomobili