Голем број аналитичари беа убедени дека „iPhone 3G S“ нема да се продава така добро како „iPhone 3G“ поради малите разлики меѓу двата модела, како и поради тоа што „Apple“ слабо ја рекламираше новата верзија на телефонот.
Соопштението за печат за остварениот успех на „iPhone 3G S“ вчера го потпиша главниот извршен директор на „Apple“ Стив Џобс, кој на овој начин после долго боледување, после пресадување на црниот дроб, повторно се врати на работа.
Џобс изјави дека „корисниците гласале и оти iPhone победил“.