-->

Мултифункционален печатач HP Photosmart Premium „сè во едно“

HP Photosmart Premium „сè во едно“ овозможува комплетна поддршка и разновидност за корисниците на кои им е потребна машина која едноставно ќе може да ја заврши сета работа – печатење, копирање, скенирање и испраќање на факсови.

Особено изненадување претставуваат карактериситките кои ќе им овозможат на корисниците да креираат фотографии со лабораториски ефект, документи со ласерски квалитет и графики со живи бои и прецизни детали, оваа повеќенаменска факс машина поседува и двоен автоматизиран подржувач кој дозволува едноставно да испраќате факсови, да копирате и скенирате повеќе страници.

HP Photosmart Premium факсот „сè во едно“ им овозможува на корисниците да печатат сè што ќе посакаат виртуелно во било кој дел од домот или канцеларијата.

Слободата и флексибилноста кои ги нуди оваа алатка ќе ве поврзат со компјутерот или „notebook“ користејќи ги можностите за мулти поврзувања вклучувајќи го и надогардениот Wi-Fi, Bluetooth® и Ethernet портот – едноставното безжичено подесување го прави печатењето преку мрежата многу поедноставно од било кога.

HP Photosmart Premium факсот „сè во едно“ е HP-овиот прв DLNA сертифициран печатач кој им овозможува на корисниците да се поврзуваат, да споделуваат и да печатат безжично од PLAYSTATION3 (PS3) и останати алатки. Оваа алатка е одликувана со ENERGY STAR® епитетот што значи дека ќе ви овозможи ефикасна работа со минимално користење на енергија.
Вие исто така ќе можете да заштедите до 50 проценти во трошоците за хартијата со можноста за двострано печатење. Со комбинирање на повеќе веб страници на една испечатена ќе заштедите и мастило и хартија со HP Smart Web Printing.

Споделувањето на печатач во домашни услови или канцеларија нуди огромен број на придобивки, од аспект на флексибилност и намалување на нередот до споделување на пристапот па се до широкопојасниот интернет.

Кога споделувате една алатка која нуди повеќе функции како што се: печатење, скенирање и праќање на факсови немионовно е дека вие ќе успеете да ги заштедите не само трошоците туку и ќе ја зголемите вашата организираност и успех во работата.

 

Copyright © 2009 selotejp.com