-->

Швајцарците објавија вакцина против H1N1

Само еден ден откако Светската здравствена организација прогласи светска пандемија од свинскиот грип, една швајцарска фармацевтска компанија објави дека пронашла вакцина против оваа болест. Вакцината сеуште не е целосно тестирана и сеуште не може да се користи на луѓе.

Компанијата Novartis AG објави дека оваа вакцина е развиена во келиите, за разлика од вообичаениот процес на развој во јајцата. Веднаш по објавувањето на вестта за пронајдокот, акциите на компанијата на берзата во Цирих пораснаа за четири отсто.

Според СЗО, вакцината против свинскиот грип би требало да биде одобрена најдоцна до септември. Покрај тоа, портпаролот на Светската здравствена организација изјави дека сите квалифицирани производители на лекови ќе добијат сопствен примерок од серумот за вирусот A (H1N1) од кој ќе може да ја произведат вакцината.

Предноста на вакцините кои се равиени во келии е можноста за брзо производство. Според информациите од Novartis AG, овој напреден процес, овозможува производство на повеќе од милион дози на серумот - за помалку од една седмица.

Novartis објави дека повеќе од 30 влади од целиот свет веќе испратиле барање за добивање на сопствена залиха од вакцината, вклучувајќи го и американското министерство за здравје, кои веќе порача вакцини за H1N1 во вредност од 289 милиони долари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com