Facebook обезбедил прилика за добивање на страница со лично име да имаат само оние корисници кои се регистрирани пред објавата на информацијата за овој новитет, со што би се спречило креирање на мноштво такви профили само за да се добие страницата со посакуваните имиња.
Интересно е дека на овој начин на именување на страници веќе постои на MySpace и Twitter, а Facebook ќе се разликува по тоа што ќе има примена на филтер кој ќе оневозможи корисниците да креираат страница чие име ќе содржи некоја повреда или пцофка.
Но, внимавајте, кога еднаш ќе го креирате името на својот профил, веќе е невозможно истото да го промените. Тоа е намерно воведено со цел да се спречи 'трговијата со имиња'.