-->

Dinesy и Asus подготвуваат netbook за деца

Disney во соработка со Asus работи на netbook, наречен Netpal, наменет за деца на возраст од шест до 12 години. Компјутерот на најмладите компјутерџии ќе им понуди едноставни, но корисни опции.

Netpal ќе биде направен по примерот на Eee PC, а ќе работи на Intel Atom процесор и Windows XP, ќе има 8,9 инчен екран, поддршка за Wi-Fi и Disney интерфејс со теми од нивните цртани филмови.

Компјутерот ќе се продава во неколку различни бои, а за зачувување податоци ќе се користи 160GB хард диск и 16GB SSD. Netbook-от ќе има опција за родителска контрола, па така родителот ќе може да следи по кои интернет страници сурфа неговото дете , каде праќа и од каде прима електронска пошта.

Netpal се очекува на пазарот во текот на месец јули по цена од 350 американски долари.

 

Copyright © 2009 selotejp.com