Производот мора да биде повлечен од употреба и тргнат од маркетите за да се заштити здравјето на жителите на Венецуела, изјави Венецуелскиот министер Хесус Мантила. Тој не прецизираше кои од состојките предизвикуваат ризик по здравјето.
Иако од Coca Cola порачуваат дека Coca Cola Zero не содржи никакви штетни материи и дека е произведена по највисоки стандарди за квалитет, Мантила бара Coca Cola Zero да не се продава, ниту консумира додека владата не ги испита нејзините состојки, пренесе Ројтерс.