Освен редизајнираната каросерија, Citoen C3 има поголеми димензии па со тоа и повеќе простор во кабината, која е многу поквалитетна и изобилува со многу прегради за ситници. C3 е за дури 10 сантиметри подолг и за 4 сантиметри поширок од својот претходник. Новиот модел е малку понизок а линиите имаат поголема динамика, со што се избегна сегашниот помалку „набабрен“ изглед на актуелниот модел.
Палетата на погонски агрегати за почеток ќе ја сочинуваат бензинците од 1,4 литра (со 75KS и 95KS) и 1,6 литра од 120 KS, како и 1.6 HDi дизел моторот со 75KS и 90KS. Подоцна палетата ќе биде проширена со уште неколку мотори.
Продажбата на потполно новиот, поквалитетниот и поубавиот Citroen C3 ќе започне кон крајот на годинава, но цените сè уште не се откриваат.
[ 30-06-2009 ]